Новости

Фудбал

Романија прв ривал на Македонија во квалификациите за СП 2022

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во Букурешт ги започнува натпреварите за пласман на уште едно големо натпреварување.

По обезбедениот историски пласман на Европскиот шампионат, сега македонските фудбалери со амбиции за висок пласман влегуваат во циклус квалификации за учество на Светското првенство во Катар во 2022.

Црвено- жолтите мундијалските квалификации ги отвораат на гостување во Букурешт против еден од директните конкуренти за второто место во групата домаќинот Романија.

Синоќа избраниците на Ангеловски на Националната арена во Букурешт го одработија последниот тренинг пред вечерашниот натпревар кој стартува во 20-45 часот.

Македонскиот селектор вечерва на дуелот против незгодната Романија ќе може да смета на сите повикани фудбалери, единствено неизвесен е настапот на капитенот на Динамо Загреб Аријан Адеми кој се жали на повреда.

-Ние имаме одредени проблеми со повредени и фудбалери кои недостасуваат, но за Македонија е најважно да функционираме како тим. Јас како селектор посакувам да ги имам најдобрите, но и во вакви околности ќе се обидеме да го извадиме максимумот од фудбалерите. Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре, изјави Ангеловски на синоќашната прес конференција во Букурешт.

За одличниот Бобан Николов и бод во Букурешт ќе биде одличен резулат за македонската селекција на стартот на мундијалските квалификации.

-Бод од утрешниот дуел не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус, изјави Бобан Николов на прес конференцијата.

Најдобрите фудбалери на Македонија битката за пласман на Светскиот шампионат во Катар ќе ја водат во групата Ј против селекциите на Германија, Исланд, Ерменија, Лихтенштајн и нашиот вечерашен притивник Романија.

Само првопласираните репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат плеј-оф.

Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Ј со репрезентациите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

GOLD
To Top