Новости

Фудбал

Роналдињо е најголемиот баксуз во 2020. година

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, бразилецот Роналдињо, е позитивен на коронавирус, јавуваат јужноамериканските медиуми. Легендата на Барселона и Бразил доби позитивен резултат на тестот, а славниот фудбалер на социјалните мрежи објави видео во кое потврди дека е заразен со коронавирус. „Се наоѓам во самоизолација во Бело Хоризонте, дојдов тука како би бил дел од едно случување, но нема да има ништо од тоа. Добро сум, немам симптоми и се надевам дека наскоро повторно ќе се дружиме. Ви испраќам прегратки.“ – вели Роналдињо. Оваа година за бразилецот е посебно турбулентна, прво на почетокот од годината заврши во затвор во Парагвај откако влезе во земјата со лажен пасош, а откако се врати во Бразил, сега има проблеми и со коронавирусот.

GOLD
To Top