Новости

Фудбал

Роналдо со топка нокаутира жена од обезбедувањето, еве како и се извини

Манчестер Јунајтед ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со пораз во Швајцарија од Јанг Бојс (2: 1), а пред натпреварот жена од обезбедувањето беше повредена од ударот на Кристијано Роналдо.

Португалецот, кој летово се врати во Јунајтед по 12 години, направи непрецизен, но многу силен удар при загревањето. Топката ја погоди чуварката, која веднаш падна на теренот од болка. Другите чувари притрчаа кон неа, а Роналдо веднаш и пријде.

По натпреварот, Роналдо ја најде чуварката и и` го подари дресот во кој го одигра натпреварот и постигна гол. Нејзината насмевка кажува се.

Евротип
Евротип
To Top