Новости

Фудбал

Седлоски си поднесе оставка, Шкупи ќе добие нов тренер

Екипата на Шкупи направи голем кикс на денешната средба против Победа во Чаир, средба која заврши без победник, средба која се покажа како последна за тренерот Гоце Седлоски.

Имено поранешниот македонски репрезентативец поднел оставка по денешното реми, а истата е прифатена од управата на клубот што значи дека актуелниот шампион ќе добие нов тренер во наредниот период.

Седлоски седна на клупата на чаирчани минатата година и во сезоната 2021/2022 му ја донесе првата титула на тимот по пауза од 21 година.

Шкупи му посака среќа во следните предизвици, но и порача дека тимот оди напред кон остварување на зацртаните цели.

Евротип
SNBROKER
To Top