Новости

Фудбал

Серија А нема да продолжи пред 15 јуни

Италијанската фудбалска федерација објави дека Серија А останува суспендиран до 14. јуни.
Од вчера за клубовите во италијанската елита требаше да бидат дозволени тренинзи, а организаторите се надеваа дека лигата ќе продолжи на 13 јуни.
Италијанската Влада донесе одлука фудбалот да не започне на 13 јуни, но можеби некој ден подоцна. Дали после тој датум ќе продолжат натпреварите во Серија А, останува да се види. Прва опција веќе е 15 јуни, но можно е првото коло по пандемијата да се одигра на 20 јуни.

GOLD
To Top