Се враќаат навивачите на „Емирати“!

Англискиот премиерлигаш Арсенал објави дека почнувајќи од 3. октомври навивачите ќе можат од трибините да ги следат домашните натпревари на клубот во ограничен број. Тогаш на „Емирати“ гостува Шефилд Јунајтед, а клубот ќе одржи посебно извлекување за сопствениците на сезонски влезници, како би се одредило кој би можел да го следи натпреварот. Притоа ќе се почитуваат сите ерки на надлежните здравствени власти во Велика Британија. Првиот натпревар на домашен терен во новата сезона, Арсенал го игра против Вест Хем на 20. септември пред празни трибини. Клубот засега нема објавено колку гледачи ќе можат да присуствуваат на стадионот, но се во константен контакт со властите кои ќе го одредат бројот.
