Новости

Фудбал

Силекс со победа над Вардар

На фудбалските терени во нашата земја попладнево беа одиграни средбите од 14.коло во прволигашката конкуренција.
Фудбалерите на Силекс забележаа минимална победа над Вардар со 1-0 нанесувајќи им го првиот пораз на црвено-црните по четири натпревари.

До втората последователна победа Кратовци стигнаа со голот на Ристов во 52.минута, иако во 45-тата минута домаќините останаа со играч помалку откако Карчевски предвреме го заврши мечот.

Со новите три бодови Силекс скокна две места на табелата и сега е на петата позиција, зад лидерот Шкендија кој славеше убедлива победа над Македонија ЃП, како и Шкупи кој беше подобар од Беласица, додека екипата на Струга ТЛ загуби во Велес од Борец.

Комплетни резултати и табела по одиграните натпревари од 14.коло во ПМФЛ
СИЛЕКС –  ВАРДАР 1 – 0
ШКЕНДИЈА –  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 5 – 0
ШКУПИ –  БЕЛАСИЦА 3 – 1
РАБОТНИЧКИ –  ПЕЛИСТЕР 1 – 0
АК. ПАНДЕВ –  РЕНОВА 0 – 1
БОРЕЦ –  СТРУГА Т.Л. 2 – 1

ТАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 30 бодови
2 ШКУПИ 28
3 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 26
4 БОРЕЦ 22
5 СИЛЕКС 20
6 СТРУГА ТЛ 20
7 ВАРДАР 19
8 РАБОТНИЧКИ 17
9 РЕНОВА 14
10 ПЕЛИСТЕР 12
11 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 10
12 БЕЛАСИЦА 9

Евротип
Евротип
To Top