Новости

Фудбал

Со победата над Академија Пандев, Пелистер го цементира опстанокот во Првата лига

Пелистер -Академија Пандев 3:1 (1:1)

Повторно, како и пред шест дена против Ренова екипата на Пелистер во Битола одигра одличен натпревар, а по водството на Академија Пандев 0:1, се втарија, одранија пенал, а последните 20 минути со 10 играчи не примија гола. Со оваа победа и три бода, битолчани и наредната сезона ќе играат и гледаат прволигашки фудбал под Тумбекафе, во Битола.

Во Битола екипата на Пелистер во 31. коло, предводена од Димитар Капинковски повторно покажа квалитет и карактер, а човек на одлука на битолчани беше фантастичниот напаѓач Гудиаби, кој учествуваше во сите три гола на својот тим, две асистенции и еден гол, а и голманот Талески кој во финишот од првиот дел одбрани пенал.

Струмичани подобро отворија, ја имаа топката повеќе во нозете, во 15. минута Маркоски сега се најде на вистинското место и погоди за 0:1. Пелистер првата зрела шанса ја имаше во 31. минута кога по акцијата на Размоски, случајно топката дојде до Бошковски, кој не ја очекуваше и не успеа да шутира. Во 41. минута. Гудиаби го пронајде Маневски, кој успешно избегна офсајд стапица, и со удар меѓу нозете на Јовановски израмни на 1:1.Пред крајот на првиот дел „пандевци“ но најстрогата казна заради влечење од Драгарски врз Маркоски, домашниот голман Давор Талески го одбрани и сочува реми за пелистерци на полувреме. На стартот од вториот Пелистер направи комплетен пресврт и поведе до 1:2. По нафрлената топка од слободен удар на Гудиаби, Ристе Илиојски од тешка позиција, со удар со глава на втора статива, донесе огромна радост и прво водство. Гудиаби со нов супер-гол со удар со левата нога од далечина стави точка на натпреварот и ги постави конечните 3:1.Пелистер до крајот на натпреварот со играч помалку се одбрани и не прими гол, затоа што Ристе Илијоски заработи исклучување.Битолчани не само што математички останаа во лигата, па дури и можат да го нападнат петтото место на Работнички.

GOLD
To Top