Новости

Фудбал

Со победата над Вардар, Пелистер обезбеди полуфинале во фудбалскиот куп

Фото: Фејсбук страница Чкембари

ФК Пелистер е последната екипа, која обезбеди пласман во полуфиналето на македонскиот фудбалски куп, откако попладнево го совлада Вардар на домашен терен на пенали со 3:2 (0:0).

Натпреварот во Битола и покрај бројните шанси на двете страни заврши без голови, а последно пласираната екипа во Првата македонска фудбалска лига пласманот во полуфиналето во националниот куп го обезбеди по голема заслуга на голманот Трајчевски, кој во пенал серијата ги одбрани ударите од белата точка на Глишич, Стојовски и Блажевски. Претходно пласман меѓу четири најдобри екипи во Македонскиот фудбалски куп обезбедија Македонија ЃП, Струга и бранителот на трофејот Силекс.

Евротип
SNBROKER
To Top