Новости

Фудбал

Со победата над Ренова, Пелистер го обезбеди опстанокот во Првата лига

Со цврста и борбена игра на тимот на Пелистер, под „Тумбе кафе“ во Битола, предводена од Димитар Капинковски ја совлада екипата на Ренова минимално, но сосема заслужено, а натпреварот помина до знак на голот на Гудиаби и одбраната на пеналот на Талески, а потоа и зицеот по него.

Екипата на Ренова немаше решение за брзината на Омар Гудиаби. Сенегалецот побегна во 28. минута, како брзо воз ја мина одбраната на Ренова и со пласирана топка со левата нога го матира Велии.

Со 38 бода пелистерци го обезбедија опстанокот, а на Ренова егзистенцијата ѝ зависи од последните четири кола.

После натпреварот, навивачката група Чекмбари ги поздрави фудбалерите.

Евротип
SNBROKER
To Top