Новости

Фудбал

Струмица добива уште едно фудбалско игралиште

Деновиве интензивно се работи на реконструкција на отвореното спортско игралиште во Урбан Блок 33 во Струмица кое се наоѓа во 4 тата урбана заедница спроти зградата на поранешен Струмица табак. Екипи на фирмата ,,Пешо Инженеринг’’ која го доби тендерот веке работат на расчистување на теренот кој треба да добие нов современ изглед и да стане повеќенаменски спортски терен за фудбал, ракомет и кошарка. Според техничката документација, повеќенаменскиот спортски терен на отворено ќе биде со асфалтна подлога, со нови стативи, заштитна ограда висока 4 метри, осветлување на теренот со четири десетметарски лед рефлектори а ќе има и партерно уредување на целиот простор, реконструкција на околните тротоари и уредување на зелените површини. Изградбата на ново повеќенаменско спортско игралиште во четвртата урбана заедница чини околу 98 илјади евра. Средствата се обезбедени од општинската каса а ова отворено спортско игралиште треба да биде готово до првата половина на декември. Инаку пред некој месец општинските власти објавиј видео анимација како ќе изгледа повеќенаменското спортско игралиште во четвртата Урбана заедница.

GOLD
To Top