Новости

Фудбал

Тевез ќе игра бесплатно за Бока уште шест месеци

Карлос Тевез уште потврди дека ќе остане во Бока јуниорс барем до декември и дека ќе ја донира својата плата во борба против корона вирусот. „Секако, ќе останам во Бока. Сакам уште една шанса да играм на Либертадорес, иако со пандемијата не е јасно што ќе се случи со купот. Го прифатив предлогот на клубот без големи забелешки, кои мојот агент Адријан Руоко ги издејствува – платата нема да оди кај мене, туку директно во добротворните организации“, вели Тевез. Тој признава дека уште не донел одлука дали ќе продолжи со настапите по 2021 година, но потврди дека во договор со неговата сопруга Ванеса решил да ги донира парите.

GOLD
To Top