Новости

Фудбал

Тотенхем убедливо го совлада ВБА

Тотенхем на Вајт Харт Лејн го победи Вест Бромвич Албион со 4:0, во првиот меч од 21 коло на Премиер лигата, искачувајќи се на второто место на табелата.

Јунак на мечот беше трикратниот стрелец Хари Кејн(12,77 и 82), а еден гол гостите сами си го постигна, стрелец беше Герет МекАли(26).

Кејн со трите нови гола стигна до бројката од 13 погодоци сезонава, исто колку што имаат постигнато и напаѓачите на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез и Златан Ибрахимовиќ. На врвот на табелата е Диего Коста од Челзи, со 14 голови.

Ова беше шеста победа на Спарси во низа и 13-та оваа сезона.

Евротип
Евротип
To Top