Новости

Фудбал

Трагедија во Лига 1, рефлектор падна на домар на стадион

По синоќешниот натпревар помеѓу Лориент и Рен во 16. коло од Француската Лига 1, во која гостинот славеше со 3:0, се случи трагедија за која пишуваат сите француски медиуми. Натпреварот беше завршен и сите играчи си заминаа од теренот. На него беа само неколку работници кои излегоа да постават посебни рефлектори. Еден од рефлекторите падна десетина минути подоцна и го усмрти домарот на Лориент. Л’Екип пишува дека тешката опрема се сруши на домарот, а присутните се обидоа да го спасат. Многу брзо беше префрлен во болница, каде подлегна на повредите. Како што претходно се дозна, починатиот домар имал 38 години, беше волонтер зад кого останаа жена со три малолетни деца. Отворена е полициска истрага да се утврдат околностите на несреќата.

GOLD
To Top