Новости

Фудбал

Трансфер периодот во Англија од 27 јули до 5 октомври

Премиерлигашките клубови се очекува едногласно да ја донесат одлуката според која летниот трансфер период годинава ќе трае од 27 јули до 5 октомври. Според информациите, клубовите исто така се очекува да договорат и двонеделно продолжување на тој рок, кога екипите од Премиерлигата и останатите англиски лиги ќе може да купуваат играчи и да праќаат на позајмица, но само помеѓу англиските клубови. Овој компромис ќе им овозможи на нисколигашите да завршат трансфери, посебно ставајќи акцент на позајмиците на фудбалери од Премиерлигашките клубови. Исто така, овој трансфер рок ќе им овозможи на клубовите од Премиерлигата да ги завршат во целост своите идеи за нови засилувања пред 6 октомври, кога е и крајниот рок за пријавување играчи за настап во Лигата на шампионите и Лига Европа.

GOLD
To Top