Новости

Фудбал

Трајковски: Го остваривме сонот со пласман на Европско првенство

Александар Трајковски, кој ги брани боите на Мајорка, вели дека не може да се опише како се чуствувал кога Македонија обезбеди место на Евро-шампионатот. „Сон на секој фудбалер е да биде дел од големо натпреварување. Мило ми е што сум дел од генерацијата која успеа по прв пат во историјата да ја однесе репрезентацијата на ЕП и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ“ – вели Трајковски. „Мислам дека поседуваме одличен квалитет. Верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на ЕП“, истакна Трајковски за српските медиуми.

GOLD
To Top