Новости

Фудбал

Убедлива победа над Лихтенштајн за први бодови на Македонија во Мундијалските квалификации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва ја извојува првата победа во квалификциите за Светскиот шампионат во Катар во 2022 година.

Нашиот национален тим на празната арена Тоше Проески во Скопје лесно ја декласираше селекцијата на Лихтенштајн со 5-0 во вториот дуел во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2022.

Аутсајдерот во групата Лихтенштајн беше декласиран со фуриозниот старт на второто полувреме и двата гола за само 180 секунди на нашиот напаѓач Александар Трајковски во 51 и 54 минта за 3-0. Црвеножолтите дуелот против Лихтенштајн го отворија со гол на Барди во 7 минута за почетна предност од 1-0,со овој резулат фудбалерите заминаа на одмор.

Во вториот дел нашите најдобри фудбалери го покажаа својот квалитет и со фуриозна игра стигнаа до лесна и убедлива победа над Лихтенштајн од 5-0. Мрежата на гостите се полнеше од сите позиции.

Четвртиот гол за Македонија во 62 минута го постигна Елиф Елмас по одличната акција на Алиоски и Несторовски.. Во финишот во 82 минута конечниот резултат на мечот во Скопје Македонија – Лихтенштајн 5-0 го постигна Несторосвки со гол од пенал .

Вечерашното убедливо издание на македонската селекција најавува дека избраниците на Ангеловски се подготвени за тешкото гостување во Дуизбург во среда и натпреварот против апсолутниот фаворит во нашата група за првото место, екс светскиот шампион Германија.

Во нашата Ј група денеска се игра уште две среди од 2 коло. Ерменија со 2-0 го порази Исланд, а на дербито во Букурешт фаворитот Германи со минимални 1-0 славеше победа над домашната Романија.

По 2 кола во Групата Ј на водечките две позиции со максимален ефект и 6 бода се Германија и Ерменија, Македонја е на третата позиција со 3 бода колку што има и четвртопласираната Романија. На последните две места без бодови се Исланд и Лихтенштајн.

GOLD
To Top