Новости

Фудбал

УЕФА: Од 20.30 часот продолжува натпреварот Данска – Финска

Најновите информации велат дека Кристијан Ериксен е надвор од животна опасност, новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер објави дека контактирал со таткото на данскиот фудбалер кој е во состојба да зборува.

Играчот на Интер е буден, дише, а се испраќа голема благодарност до медицинските лица кои се погрижија Ериксен да биде во стабилна состојба.

Агентот на Ериксен, Мартин Шоотс само што објави дека ситуацијата со фудбалерот е подобра.

Се очекуваа и натаму дополнителни информации околу состојбата на Ериксен, кога тој би можел да излезе од болницата и дали ќе им се на репрезетивните обврски на ЕП или не.

Најновите информации од УЕФА велат дека од 20.30 часот ќе продолжи натпреварот од групата „Б“ помеѓу Данска и Финска.

Резултатот беше 0:0, а од европската фудбалска куќа велат дека ќе се одиграат последните четири минути од првото полувреме, а потоа ќе има само пет минутна пауза пред стартот на второто полувреме.

Нема да има поместување на терминот за натпреварот Белгија – Русија, тие според закажаното ќе стартуваат од 21.00 часот.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин: „Ваквите моменти ставаат сè во животот во перспектива. Му посакувам на Кристијан целосно и брзо закрепнување и се молам неговото семејство да има сила и вера.

Во овие моменти, единството на фудбалското семејство е толку силно и тој и неговото семејство носат со себе добри желби и молитви од сите. Слушнав како навивачи на двата тима го скандираат неговото име. Фудбалот е убав и Кристијан го игра убаво“.

Евротип
Евротип
To Top