Новости

Фудбал

УЕФА шокираше: Никој не може да игра ако не е вакциниран

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе голема одлука кога се во прашање натпреварите под капата на оваа организација. Сезоната во европските натпреварувања продолжува овој месец, а натпреварите во текот на февруари ќе бидат последни на кои ќе можат да настапат невакцинирани фудбалери. На онлајн состанокот со клубовите кои учествуваат во европските натпреварувања, УЕФА им наложи на челниците на тимовите како играчите ќе треба да се вакцинираат во иднина доколку сакаат да играат на натпревари под покровителство на УЕФА.

Тие што не биле вакцинирани веќе не можат да добијат ослободување и да играат со негативен ПЦР тест, туку ќе треба да изберат вакцинација.

УЕФА планира да го задржи ова правило и во иднина, па од март ниту еден невакциниран фудбалер нема да може да игра за својот клуб во Европа. Фудбалерите во наредниот период ќе треба да бираат меѓу вакцинација или настап во клубот.

Веројатно најголемите противници на вакцините ќе треба да бираат меѓу договор и вакцинација, а сигурно е дека ќе има многу противење на ваквата одлука.

Евротип
SNBROKER
To Top