Новости

Фудбал

Фенер го претстави 18-тото засилување

Фенербахче денес го доведе 18-тото засилување. Нов играч на Фенер е грчкиот репрезентативец Димитрис Пелкас кој пристигнува од ПАОК за сума од околу два милиони евра. Пелкас на претставувањето искажа задоволство што потпишува за Фенер. „Ова е најголемиот клуб во Турција и еден од најдобрите во Европа. Сум гледал нивни натпревари, со некои од фудбалерите и сум играл заедно. Спремен сум да се ставам на располагање на теренот, мојата задача е да помогнам тимот да победува“, изјави Пелкас на претставувањето.

GOLD
To Top