Новости

Фудбал

ФИФА: Наместо во Санкт Петербург, финалето во ЛШ ќе се игра во Франција

 

Финалето во Лигата на шампионите нема да се одигра во Санкт Петербург. Оваа одлука претпладнево ја потврди УЕФА.

Поради воените дејствија шт ги презеде Русија во Украина, УЕФА реши да го одземе домаќинството за најзначајното финале во клупскиот фудбал.

Домаќин на финалето, на 28.мај, ќе биде стадионот „Стад де Франс“ во Париз.

Француската престолнина и овој стадион втор пат ќе бидат домаќини на завршниот меч во Лигата на шампионите. Во 2006 година, на овој терен Барселона го победи Арсенал со 2:1.

„УЕФА сака да му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за личниот ангажман и заложбата Франција да ја добие организацијата на најпрестижниот натпревар во европскиот фудбал“, наведе УЕФА во кусото соопштение.

Извор: Макфакс

Евротип
SNBROKER
To Top