Новости

Фудбал

ФИФА направи пепел – 47 фудбалери се вратија со корона од репрезентативните обврски

Тензијата на релација клубови-фудбалски федерации траат години наназад, но она што се случи последната недела ќе ги зоврие страстите.

Според пресметката на некои европски медиуми, кои можеби и не се сосема точни, дури 47 фудбалери се вратиле во своите клубови со корона по репрезентативните настапи. На долгата листа се Суарес, Салах, Елнени, Брозовиќ, Вида, Милинковиќ-Савиќ. Јовиќ, Коларов итн. Има и еден Македонец – Стефан Ристовски.

Не е исклучено фудбалерите да дошле на репрезентативните собири веќе болни од своите клубови, но сепак се создаде хаос кој тешко дека наскоро ќе биде решен пренесува спортклуб.

GOLD
To Top