Новости

Фудбал

ФК Пелистер го претстави новото засилување од Гана, Принц Апонсах

Фото: Саше Богоевски

ФК Пелистер денес го претстави најновото засилување, интернационалецот од Гана, Принц Апонсах. Напаѓачот кој пристигна од Тајланд, од вчера се приклучи на тренинзите со своите нови соиграчи и веќе му е на располагање на тренерот Димитар Капинковски.

Принц Апонсах денес позираше во зелениот дрес, кој ќе го носи во следните една и пол година, во друштво на претседателот на клубот Пеце Стојчевски.


Принц Апонсах денес истакна:

-Многу сум среќен што сум тука. Сакам напаѓачки фудбал, играм на офанзивните позиции. Задоволен сум што дојдов во Пелистер, сакам да им покажам на фановите и на тимот што можам.

Не знам многу за екипата, но имав време додека да дојдам во Македонија, па на Интернет гледав натпревари на Пелистер. Луѓето во клубот се љубезни, исто и соиграчите. Задоволен сум што сум тука.

GOLD
To Top