Новости

Фудбал

Фудбалот во Црна Гора продолжува со присуство на публика

По 84 дена пауза, викендов продолжува фудбалот и во Црна Гора, а се најавува и присуство на навивачи. Премиерот на оваа земја Душко Марковиќ, потврди дека ќе има публика на трибините, но не прецизираше колку навивачи ќе може да се најдат на стадионот. „Ќе биде ограничен бројот на публика согласно мерките за заштита.“ – истакна Марковиќ. Црна Гора ќе биде една од ретките земји во светот која ќе дозволи фудбалот да продолжи да се игра со присуство на публика.

GOLD
To Top