Новости

Фудбал

Христијан Грозданоски ја засилува дефанзивната линија на Пелистер

Екипата на Пелистер продолжи со потпишување на договори со нови фудбалери. Битолскиот второлигаш е доста активен овој јуни, а од наредната сезона ќе биде посилен за Христијан Грозданоски.

Се работи за 29-годишен дефанзивец кој доаѓа од редовите на Воска Спорт. Битолчанецот во минатото играл уште за Работнички, Силекс, Новаци, Гостивар и Царев Двор. Договорот на Грозданоски е со трајност од една сезона.

Пелистер падна во Втора лига, по неуспешниот настап во македонскиот шампионат изминатата сезона. Амбиција на клубот е експресен кам-бек во ПМФЛ.

Евротип
SNBROKER
To Top