Новости

Фудбал

Челзи повторно купува од Ајакс?

Лондонски Челзи пројави интерес за потписот на левиот бек на Ајакс, Николас Таглиафико. Таглиафико настапил на 25 натпревари за својата репрезентација, а би можел да стане вториот фудбалер на Ајакс кој се сели на „Стемфорд Бриџ“ ова лето, откако во Лондон веќе пристигна Хаким Зијеч. 27-годишниот Таглиафико, кој постигна пет голови и имаше пет асистенции во 38 натпревари за Ајакс минатата сезона, има договор со холандскиот тим до летото 2022 година. Аргентинецот, кој потпиша за Ајакс во 2018 од Индепендиенте, Челзи го гледа како алтернатива на својата примарна трансфер мета за левата бековска позиција, Бен Чилвел.

GOLD
To Top