Новости

Фудбал

Четвртфиналето на ЛШ ќе се игра во еден натпревар

`Најсилното клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите ќе продолжи во август и тоа по нов формат. УЕФА и Асоцијацијата на европските клубови договориле нов систем за завршување на сезоната. Во август ќе се одиграат преостанатите четири реванши од осминафиналето: Јувентус – Лион, Манчестер Сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн – Челси. Овие натпревари ќе се играат на 7 и 8 август. Четвртфиналните натпревари се закажани за 13 и 14 август и ќе се игра еден натпревар и тоа на неутрален терен. Полуфиналните натпревари и финалето би се играле во Истанбул.

GOLD
To Top