Новости

Фудбал

Шок во Копенхаген, мечот е прекинат, Ериксен се бори за живот

Ѕвездата на данската репрезентација се бори за живот, откако колабираше на теренот. Веднаш дојде лекарската екипа која десетина минути на теренот се обидуваше да го анимира, а потоа го изнесоа од теренот.

Играчите и публиката беа во шок, многумина веќе плачеа, на теренот се симна и сопругата на фудбалерот.

Натпреварот меѓу Данска и Финска е во прекин, сите ја чекаат веста за состојбата на Ериксен.

GOLD
To Top