Новости

Фудбал

Ѓуровски ќе биде помошник на Стојковиќ на кормилото на српската репрезентација

Бошко Ѓуровски ќе биде дел од стручниот штаб на Драган Стојковиќ кој во најскоро време треба да биде промовиран како селектор на Србија. Ова е најновата вест која ја пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед, поточно „Курир“ кој тврди дека Бошко ќе му биде десна рака на Пикси во обидот Србија да дојде на Светското првенство во 2022 година кое се игра во Катар. Стојковиќ и Ѓуровски многу добро се познаваат и се пријатели, играа заедно во Црвена Звезда, потоа Бошко беше тренер на „црвено- белите“ кога Драган беше претседател на овој клуб за да потоа имаат соработка и во јапонска Нагоја.

Евротип
SNBROKER
To Top