Новости

Фудбал

Јапонците, навивачи во Катар го чистеа стадионот после натпревар и му одржаа лекција на светот

Јапонија на Светското првенство во Катар кое започна во неделата, го играше својот прв натпревар во среда на 23 ноември, а  навивачите на оваа земја веќе се најдоа во центарот на вниманието, не поради некој инцидент што го направија, туку поради нешто навистина за пофалба.

Инфлуенсерот Омар Фарук на својот Инстаграм објави видео снимено на крајот од воведниот натпревар меѓу Катар и Еквадор. На големо изненадување, јапонските навивачи останаа на крајот од натпреварот да го подигнат ѓубрето оставено на трибините. Но, тие не го подигнаа само ѓубрето што самите го направија, туку и ѓубрето што го оставија навивачите на другите репрезентации. Погледнете го видеото кое навистина заслужува аплауз и нешто нн кое сите треба да се огледуваме.

Во видеото што го објави на Инстаграм, Фарук е воодушевен од Јапонците, додека ги гледа како го собираат ѓубрето од трибините и го ставаат во вреќи за ѓубре. Ваквото однесување не е невообичаено во Јапонија, каде сите се учат уште од мали нозе да го чистат ѓубрето кое го оставиле зад себе во секоја прилика. Тоа е културна норма која е знак на почит и очигледно е нешто што го носат со себе кога ќе се најдат во други земји.

Евротип
SNBROKER
To Top