Новости

Фудбал

Џенова потврди нови 14 случаи на коронавирус

Италијанските медиуми известуваат дека фудбалскиот клуб Џенова има нови 14 случаи на зараза со коронавирусот. Вкупно досега клубот регистрира 16 заразени, а од претходно е познато дека вирусот го имаат голманот Матиа Перин и данскиот играч за врска Ласе Шене. Данецот беше позитивен пред натпреварот против Наполи, поради што стартот на натпреварот беше поместен од 15 на 18 часот. Потврдено е дека позитивни се четири членови на стручниот штаб и осум играчи, иако нивниот идентитет се уште не е откриен. Порати 10 позитивни случаи во играчкиот кадар на Џенова, под знак прашалник е одигрувањето на натпреварот против Торино оваа сабота. Исто така, се очекуваат и резултатите од тестирањето на играчите на Наполи, кои викендов ја совладаа Џенова со 6:0. Се чекаат резултатите и за Горан Пандев и Елиф Елмас, што го прави неизвесен нивниот настап во историскиот натпревар против Косово.

GOLD
To Top