Новости

Фудбал

13 позитивни на ковид-19 меѓу третолигашите, баражот во западната група откажан

Фудбалската федерација на Македонија преку официјално соопштение најави дека бараж дуелите за влез во ВМФЛ-Запад се откажани поради нови случаи на заразени фудбалери. Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втората лига – Запад. Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на ковид-19. Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втората лига – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21. Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втората лига – Исток.

GOLD
To Top