Новости

Фудбал

Продолжува победничката низа на Македонија – славеше против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра одличен меч против Лихтенштајн, доминирашe во текот на сите 90 минути и на крајот сосема заслужено стигнаа до новиот триумф. Во десетата минута прекрасна акција на Македонија, Пандев асистираше до Александар Трајковски кој постигна гол за водство од 1-0. Дваесет минути подоцна, повторно Пандев асистираше, a Трајковски стрелаше, за 2-0. Само шест минути подоцна Пандев и самиот се запиша во листата стрелци. Единствениот погодок гостите го постигнаа една минута подоцна кога грешката на Муслиу ја искористи Јилдиз за намалување на 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел одново гледавме сигурна игра, а точка на натпреварот стави Езџан Алиоски во 68-тата минута со одличниот соло продор.

После оваа победа Македонија се зацврстува на првата позиција со девет освоени бодови и во следните три натпревари потребни ни се уште четири бодови за пласман во плејофот од Лигата на Нации.

Табела група 4 – Дивизија Д во Лигата на нации: Македонија 9 бода, Лихтенштајн 3, Ерменија 3, Гибралтар 3.

Во следната рунда Македонија во вторник (16 октомври) и гостува на Ерменија.

GOLD
GoldSlot
To Top