Новости

Кошарка

Ѓорѓевиќ остана и без Недовиќ и Калиниќ за Евробаскетот

Никола Калиниќ и Немања Недовиќ нема да бидат во составот на српската кошаркарска репрезентација за претстојното Европско првенство бидејќи не успеале да се рехабилитираат од повредите.

Србија на Европското првенство ќе настапи без неколкумина важни играчи, покрај Калиниќ и Недовиќ, првенството ќе го пропуштат Симоновиќ, Теодосиќ, Јокиќ, Радуљица, Бјелица.

Србија на ЕП ќе игра во Д-групата во Истанбул, а противници ќе ѝ бидат Турција, Летонија, Велика Британија, Русија и Белгија.

GOLD
To Top