Новости

Кошарка

Александар Тодоров е нов тренер на МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес потпиша договор со Александар Тодоров.

Поранешниот селектор на македонската младинска репрезентација, од денес е именуван за нов тренер на МЗТ Скопје. 43-годишниот кошаркарски стратег и официјално стави потпис на едногодишен договор со актуелниот кошаркарски првак на Македонија.

Интересно е тоа што за Александар Тодоров ова ќе биде четврти пат да седне на жешката клупа на МЗТ Скопје, впрочем тој беше првиот тренер кој успеал да ја донесе шампионската титула во „Јане Сандански“ во сезоната 2011/2012.

Тодоров ќе има тешка задача, затоа што следи целосна обнова на тимот бидејќи во моментов обврски со договор кон клубот имаат само капитенот Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Американецот Ксавиер Темс.

GOLD
To Top