Новости

Кошарка

Американците со победа против тимот на Светот!

Олстар- шоуто што годинава се одржува во Чикаго по 69 пат  стартуваше синоќа. Тимот на САД го победи тимот на Светот со 151:131. Тимот на Светот имаше предност од десет поени на полувремето, но во вториот дел младите Американци предводени од Мајлс Бриџис направија комплетен пресврт. Најефикасен во тимот на САД беше Ерик Пашал со 23 поени, Колин Секстон постигна 21,а за МВП на натпреварот беше прогласен Бриџис. Тој стана прв кошаркар на Шарлот што некогаш стигнал до вакво признание, откако го заврши мечот со 20 поени, 5 асистенции, 5 скокови и 3 украдени топки.

Во редовите на Светот најефикасни беа Р.J. Барет со 27 поени и Кларк со 22 поени , додека Лука Дончич постигна скромни 16 поени.

GOLD
To Top