Новости

Кошарка

ВИДЕО: Дивац е нов член во „Куќата на славните“

Владе Дивац изминатата ноќ стана кошаркарски бесмртник, откако легендата на српската кошарка и официјално е примен во Куќата на славните во Спрингфилд. Дивац во Куќата беше внесен од легендата на ЛА Лејкерс Џери Вест , кој Србинот го доведе во езерџиите.

Дивац е четвртиот српски кошаркар по Дражен Далипагиќ, Александар Николиќ и Боро Станковиќ кој дошол до ваква чест. Друштво на свечената церемонија му правеше Дино Раџа, уште еден член на легендарната постава на југословенската кошарка.

Дивац во моментов е генерален менаџер на Сакраменто Кингс, додека во својата богата кариера има настапувано за НБА тимови Л.А. Лејкерс, Шарлот, Сакраменто, како и за Слога, Партизан и Црвена Звезда во раната фаза од кариерата.

dribling.mk

GOLD
To Top