Новости

Кошарка

Вестбрук со нов НБА рекорд во своја сопственост

Плејмејкерот на Оклахома, Расел Вестбрук, продолжи да ги поместува границите, кога се работи за индивидуалните остварувања, во НБА лигата.

Вестбрук доминираше во триумфот на Оклахома над Феникс 114:101. Плејмејкерот на Оклахома забележа трипл дабл од 26 поени, 13 скокови и 22 асистенции.

Вестбрук го собори личниот рекорд според бројот на асистенции, тој го забележа 13-от трипл дабл во сезоната, вкупно 50-ти во кариерата. До оваа бројка на трипл дабл учиновжци Вестбрук стигна на 28-годишна возраст.

Исто така Вестбрук е само седмиот играч во НБА историјата кој на еден натпревар забележал повеќе од 20 поени и асистенции.

Евротип
SNBROKER
To Top