Новости

Кошарка

(Видео) Во стилот на Зидан, српски кошаркар со глава го удри ривалот

На мечот помеѓу Паниониос и Кимис во грчкото првенство во центарот на скандалот беше српскиот играч, Славен Чупковиќ.

Веќе во четвртата минута од натпреварот во „клинч“ се најдоа Чупковиќ и Сотирос Манопулос. После промашеното второ слободно фрлање, настана „кошкање“ по што Србинот го удри со глава својот ривал.

За среќа, судирот не ескалираше, а судиите го решија случајот така што ги исклучија двајцата.

Што се однесува до мечот, на крајот славеше Кимис со 95:83.

GOLD
To Top