Новости

Кошарка

(Видео) Реакцијата на Леброн Џејмс откако дозна за Коби

Меѓу најпотресените за смртта на Коби Брајант е „кралот“ Леброн Џејм. Се појави снимка каде Џејмс со капа на главата ги бриши солзите погоден од информацијата за смртта на легендарниот кошаркар кој беше и негов голем пријател веднаш откако авионот на Лејкерси слета на аеродромот.

Џејмс само неколку часа претходно успеа да го помине Коби Брајант на вечната листа на стрелци во НБА лигата, преземајќи го третото место зад легендарните Карим Абдул-Џабар и Карл Мелоун. Честитката на Коби беше и неговиот последен пост на социјалните мрежи.

„Продолжувајќи да го движи спортот напред. Кралот Џејмс. Многу почит, брату“, напиша Брајант.

 

View this post on Instagram

 

On to #2 @kingjames! Keep growing the game and charting the path for the next.

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

GOLD
To Top