Новости

Кошарка

Давитков: Заслуживме да се радуваме, ја очекувавме оваа победа

Нашата кошаркарска репрезентација со три победи влегува пред јунискиот претквалификациски финиш во Швајцарија. Синоќа убедливо ја совладавме Словачка во Скопје и го потврдивме првото место во групата.

Сепекторот Давитков по мечот изјави дека е задоволен од играта на тимот и остварената победа која ја најави и пред средбата.

„И пред мечот реков дека ја очекувам победа. Словачка беше малку подобра отколку на првиот меч. Погодија доста шутеви за три што не изненади, особено што добро шутираа и неколку други нивни играчи. Одигравме добар натпревар, само што имавме некои осцилации. Но така е кога играш со сите 12 играчи, а јас сакав да им дадаш шанса да заиграат сите“, изјави Давитков по средбата.

GOLD
To Top