Новости

Кошарка

Давитков: Со мислите веќе сме кон Швајцарија

Македонија до победата ја предводеа Ричард Хендрикс, кој блескаше со 21 поени, 14 скока, 4 украдени топки и 2 блокади, односно капитенот Војдан Стојановски со 20 поени и 6 асистенции.

„Одигравме добар натпревар. Во секој случај, особено во првите три четвртини игравме одлично. Играчите го испочитуваа се она за кое се договоривме пред натпреварот. Игравме одлична одбрана на Кјурик, успеавме да го отсечеме комплетно. Во последната четвртина малку ни опадна концентрацијата, тие погодија некои нелогични тројки. И покрај тоа, ние цело време имавме контрола над резултатот. Секако дека сум задоволен од играта и од победата, со мислите одиме понатаму – за три дена против Швајцарија во Скопје“, истакна селекторот Давитков по завршување на натпреварот

Наредниот меч македонските кошаркари ќе го одиграат в недела, кога во Скопје ќе гостува Швајцарија.

GOLD
To Top