Новости

Кошарка

Давитков го објави поширокиот список за претквалификациите за СП

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков, го објави списокот на потенцијалните кандидати за претквалификацискиот циклус за пласман на ЕП во 2021 гидина.

На истиот се ставени Перо Антиќ и натурализираните: Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс и Џордан Теодор. На стартот Македонија ќе гостува кај Словачка на 23. Ноември додека во второто коло само три дена подоцна ќе и биде домаќин на Швајцарија.

Еве го комплетниот список на повикани кошаркари: Перо Антиќ (Црвена Ѕвезда), Војдан Стојановски (Бујукчекмече), Ѓорѓи Чековски (Работнички), Ненад Димитријевиќ (Хувентуд), Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи), Марјан Јанески (Куманово), Димитар Караџовски (Куманово), Александар Костоски (Питешти) Бојан Крстевски (Работнички), Андреј Магдевски (Фени Индустри), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Љубомир Младеновски (Илирија), Кирил Николовски (Карпош Соколи), Предраг Самарџиски (Мега Бемакс), Дарко Соколов (Карпош Соколи), Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Диме Тасовски (Гостивар),Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром), Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс (Галатасарај), Џордан Теодор (Олимпиа Милано) и Марко Дујковиќ (Блокотехна).

GOLD
To Top