Новости

Кошарка

Давитков го соопшти списокот за дуелот со Словачка

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков денес го објави конечниот список на кошаркари со кои ќе настапи на вториот дел од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година.

Нашите кошаркари на 25 февруари ќе играат против селекцијата на Словачка, а за овој дуел Давитков се одлучи за проверени сили, а од тројцата „странци“ кои беа во поширокиот список се одлучи за крилниот центар на Галатасарај, Ричард Хендрикс. Еве како изгледа конечниот список на играчи кои ќе настапат на средбата со Словачка:

Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (Куманово)
Бобан Стајиќ (Куманово)
Андреј Магдевски (Гостивар)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Димитар Караџовски (Куманово)
Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кирил Николовски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Ричард Хендрикс (Галатасарај)

Натпреварот Македонија – Словачка ќе се игра во недела (25.февруари) со почеток во 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“.а денес Македонската кошаркарска федерација донесе одлука вратите на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје да бидат отворени за сите љубители на кошарката во нашата земја.

GOLD
To Top