Новости

Кошарка

Давитков останува селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија

Јорданчо Давитков останува на селекторското место на најдобрата машка кошаркарска репрезентација.

Ова денеска го потврдија од МКФ. Пред краток период имаше проблеми околу усогласувањето на периодот на подготовки на сениорите во пресрет на квалификациските мечеви во септември и слободното време кое Давитков го имаше на располагање.

Ситуацијата е надмината, Давитков првата прозивка ќе ја направи на 31 август.

Во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 сениорите ќе се надигруваат со Косово на 13 септември на гостински терен и со Романија три дена подоцна (16 септември) на домашен терен.

GOLD
To Top