Новости

Кошарка

Давитков прозиваше, репрезентацијата спремна за словачкиот предизвик

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација попладнево го имаше првиот собир пред квалификацискиот меч со Словачка закажан за в недела.

Предводени од селекторот Давитков, сите шеснаесетмина играчи кои се најдоа на неговиот список, попладнево се собраа во СЦ Јане Сандански каде ќе ги одработат четиридневните мини подготовки за претквалификацискиот меч против Словачка закажан за во недела.

„За жал или за среќа нема ни „С” од скандал. Не знам каде беше тој скандал“, започна Давитков потенцирајќи дека во селекцијата владее одлична атмосфера и дека никој неможе да ја наруши истата.

Првата меѓусебна пресметка црвено-жолтите ја добија на со 74-66, па оттаму шансата да со нова победа да се осигура прогрес во следната рунда не смее да се пропушти, порачуваат од нашиот табор.

GOLD
To Top