Новости

Кошарка

Денеска започнува осмиот Меѓународен велигденски кошаркарски турнир „Битола 2018“

Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“-Битола и Општина Битола денес и утре во Битола ќе се одржи осмиот меѓународен Велигденски турнир „Битола 2018“. Турнирот ќе биде во четири категории: момчиња родени 2003/04 г., девојчиња родени 2003/04 г., микс-екипи момчиња и девојчиња родени 2005/06 г. и микс-екипи момчиња и девојчиња родени 2006/07 г.  Учесници се екипите на: „Воштарница“-Задар, Хрватска; „Задар“-Хрватска; „ФМП“-Скопје, „Феникс 2010“-Скопје, „Трокал“-Кавадарци, „Декса“-Прилеп, „Ангели“-Скопје, „Јуниор“-Битола и домаќините „Младост“ и „Пелистер АД“ од Битола. Натпреварите ќе се играат во спортските сали „Младост“, „Павел Шатев“-Студентски дом, Гимназијата „Ј.Б.Тито“ и Економското училиште. Свеченото отворање на турнирот ќе биде денеска од 17.30 часот во спортската сала „Младост“.

Покрај младинскиот турнир, по трет пат годинава ќе се одржи и турнир за ветерани (+45). Учесници ќе бидат екипите на „Задар“-Хрватска, „Здравље“-Лесковац, Република Србија, комбинирана екипа на КК „Борец“-Велес и КК „Тиквеш“-Кавадарци,  КК „Астибо“-Штип, КК „Струмица“ и домаќинот „Пелистер“ од Битола.

Специјални гости на турнирот ќе бидат Стерули Андоновски, Горан Вукадиновиќ и д-р Димитар Секуловски-првиот тренер во историјата на КК „Младост“-Битола. Организаторот на турнирот ќе додели посебни признанија на кошаркарските ветерани од Битола кои го прославија овој спорт во втората половина од минатиот век.

 

 

В. Прчков

GOLD
To Top