Новости

Кошарка

Дерек Роуз размислува да замине во пензија следното лето

Дерик Роуз размислува да се пензионира. Првиот пик на драфтот во 2008 година има хронични проблеми со повредите, кои започнаа во 2012 година, кога во дресот на Чикаго Булс го скина предниот вкрстен лигамент во коленото.

Роуз од 2012 година до денес од можните 421 натпревари има одиграно 237.

Во овој период еден од најталентираните играчи во историјата на НБА лигата го скина и предниот вкрстен лигамент на другото колено, а последната повреда ја доживеа на 20.октомври годинава, кога на дуелот со Милвоки Бакс го повреди глуждот.

GOLD
To Top