Новости

Кошарка

Дончиќ ќе биде прв пик на драфтот следната сезона

Младиот Словенец Лука Дончиќ ќе биде прв пик на НБА драфтот и по мадридски Реал ќе заигра во дресот на Феникс Санс. Дончиќ ќе стане вториот европски играч кој е избран од првата позиција, по Италијанецот Андреа Барњани во 2006 година.

Минатото лето заедно со Горан Драгиќ, Дончиќ ја предводеше Словенија до златниот медал на Европското првенство, а оваа сезона игра брилијантно во дресот на Реал.

Меѓу кошаркарите кои конкурираат за место во Топ 10 на драфтот покрај Дончиќ конкурираат Диандре Ејтон, Мајкл Портер, Марвин Бегли, Треј Јанг, Мохамед Бамба, Џарен Џексон, Вендел Картер, Колин Секстон и Микел Бриџис.

 

GOLD
To Top