Новости

Кошарка

Започнува Ол стар викендот!

Доцна вечерва започнува Олстар-шоуто кое ќе се одржи по 69-ти пат во НБА-лигата со натпреварот на ѕвездите во подем на кој најдобрите млади кошаркари од САД ќе се сретнат против најталентираните играчи во НБА лигата од остатокот од светот. Коефициентот за победа на тимот составен од кошаркари од Сад во ЕВРОТИП е 1.60.
Саботата или поточно недела рано наутро се предвидени трите интересни натпреварувања Скил Челенџ или наптреварот во вештини, натпреварот за најдобар тројкаш и најмногу очекуваниот Слем Данк, односно турнирот во најдобри забивања. Во натпреварот во вештини, ќе учествуваат бранителот на титулата Џејсон Татум кој и оваа година е прв фаворит со  ЕВРОТИП квота од 4.50, но тука е и Шеј Глиџес-Александер на кој му се дават исти шанси за победа. Други ученсици се Адебајо, Беверли, Динвиди, Мидлтон и Сијакам.

На натпреварот во шутирање тројки кое ќе се одржи по 34-ти пат, учествуваат бранителот на титулата Џо Херис од Бруклин, Зак ЛаВин, Трае Јанг, Данкан Робинсон, Бади Хилд, Девонте Грем, Девин Букер кој го замени повредениот Лилард и Давис Бертанс. Во нашата обложувалница прв фаворит е Данкан Робинсон со коефициент 4.50.

Она што сите го чекаат со нетрпение е натпреварот во забивања, во кој учествуваат Пато Конахтон (Милвоки) Дерик Џонс Џр (Мајами), Двајт Хауард, и екс шампионот од 2008-та во оваа категорија Арон Гордон кој и оваа година е прв фаворит за титулата со коефициент во Евротип 2.50, но од втор план е кој може да изненади е Дерик Џонс Џр со Евротип квота од 2.80.


Главната ноќ на Ол Стар мечот е недела и ќе биде во чест на трагично загинатиот Коби Брајант и неговата ќерка па така сите играчи во тимот на Џејмс ќе носат број 2 на дресот во чест на Џиана, а сите во тимот на Јанис ќе го носат бројот 24, во чест на Коби.  Ова се стартните тимови од двете конференции:
Стартен тим од источна конференција: капитен – Јанис Антетокумпо (Милвоки) , Паскал Сиакам (Торонто), Џоел Ембид (Филаделфија), Кемба Вокер (Бостон), Треи Јанг (Атланта).
Стартен тим од западна конференција: капитен – ЛеБрон Џејмс (Л.А. Лејкерс), Ентони Дејвис (Л.А. Лејкерс), Каваи Ленард (Л.А. Клиперс), Лука Дончич (Далас), Џејмс Харден (Хјустон).
За МВП на главниот натпревар, како прв фаворит во нашите обложувалници е Јанис Антетокумпо со квота 4.00, но интересно е тоа што меѓу главните фаворити за МВП е и Дончич со коефициент 7.00.

GOLD
To Top